Skip to main content

Збогум на урбаниот хаос ?!

Нова слика на охридската чаршија и на кејот најавуваат од локалната самоуправа во престојната туристичка сезона. 

 |  Валентина Неловска  | 
kej
kej
kejНова слика на охридската чаршија и на кејот најавуваат од локалната самоуправа во престојната туристичка сезона.  Ова го поткрепуваат со изгласаниот, нов Правилник за поставување на урбана опрема. Годинешната  програма е во согласност со Законот за градба и за прв пат поделбата на локациите ќе се врши по пат на лицитација, најавува раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање, Тихомир Дурнев.
Лицитацијата ќе биде по пат на јавен оглас за прибирање на затворени, писмени понуди. Заинтересираните ќе може да учествуваат во наддавањето за добивање локации за поставување фрижидери за сладолед, како и за  продажба на книги, уметнички слики и сувенири. Локациите за поставување на маси и столици  пред кафулињата ќе им бидат дадени на правните субјекти кои ги работат локалите, нагласува Дурнев.
tezgaОд локалната самоуправа за оваа туристичка сезона најавуваат на Охрид да му го вратат изгледот на туристички бисер. Повеќе нема да го има изгледот на ефтин панаѓур, кој беше посебно  карактеристичен за минатата сезона, ветуваат од локалната. Потенцираат: секторот за урбанизам нема законска можност да издава согласност за поставување импровизирани тезги за продажба на храна. Тоа значи дека нема да има продажба на крофни, пици и пченки затоа што немаат законско право за издавање на согласност, па  контролата на бесправно поставените ќе ја имаат инспекторите на локално и централно ниво.   
Почитувањето на Правилникот  за поставување урбана опрема ќе значи и уживање на туристите во глетката  на уредениот зелен простор на кејот. Убаво средениот парк нема да остане незабележан од посетителите доколку се почитува најавуваниот Правилник. Реквизитите за детска забава кои до лани беа поставувани тука ќе бидат дилоцирани, а ќе бидат сместени на малиот полигон и на СРЦ „Билјанини извори“ истакнува Дурнев. На Кејот се предвидува да се постават фрижидери за сладолед, а на одредени зони и јавни тоалети. Просторот пред кафулињата и понатаму ќе биде резервиран за поставување на маси и столици. Продажбата на книги, уметнички слики и сувенири ќе се одвива на добро познатите локации, кај Амамот, Летница и на патот кон Плаошник.   

{loadposition content9}