Skip to main content

Кој сака да научи да прави витраж?

Витражот кој како медиум го има почесното место во архитектурата на Готиката, се изработува и во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
vitraz
витраж
LusteriАрхитектот Митко Поповски во неговото специјализирано студио веќе 15 години изработува витражи. Последниве две години, тој своето знаење го пренесува на сите оние кои сакаат овој медиум да им биде хоби или прфесионална определба.

Основите на уметноста која прво се појавила како техника на застаклување, веќе две години може да се изучуваат во Охрид. Станува збор за уметност која за прв пат се појавила во Европа во 10 век, како техника за застаклување на прозорци, за да во 12 и 13 век со неа се кителе прозорците на црквите Св. Софија во Цариград и Св. Петар во Рим. Така, витражот го добива почесното место во архитектурата на готиката. Постојат повеќе техники за изработка на витражот , како класичната со користење на оловни профили и „Тифани“ техниката. Архитектот Митко Поповски од Охрид, веќе две години во своето специјализирано студио „МПМ Дизајн“ одржува основен курс за изработка на витражи.

vitrazПопоски кажува дека љубовта кон витражот кај него се родила за време на неговиот престој во ЈАР. Средбата со витражот прераснала во хоби, за да со текот на времето таа кај него стане желба за она што ќе значи негова идна професија.Покрај класичната техника, во студиото на Поповски најмногу се работи и се изучува „Тифани“ техниката на изработка на витраж. Станува збор за техника стара 130 години која го носи името на нејзиниот основач, Луис Комфорт Тифани. Попоски потенцира дека се работи само по принципот на нарачки. Прво до потенцијалниот клиент се доставува цртеж за идејното решение, па после неговата согласност се пристапува кон изработка на витражот. Попоски потенцира дека иако сите негови креации му се мили, тој не се врзува за нив.

Покрај Поповски кој е и идеен творец на сите креации, за занаетчискиот дел и самата нивна изработка се грижат неговите соработници, Димче Китрозовски и Ѓоко Маркулев. Што се однесува до економскиот момент, Попоски вели дека витражот е применета уметност и како уметничко дело самиот го наоѓа објектот кој ќе го краси, а со тоа и самиот сопственик.
{loadposition content9}