Skip to main content

СОС телефонот алатка за помош

СОС телефонот е еден од начините преку кој може да им се помогне на децата жртви на насилство.

 |  Крсте Голабовски  | 
Megjashi
Меѓаши
sos telefonВо Македонија оваа линија функционира 17 години, додека во Охрид, во рамките на женскиот центар „Бисера“, осум. Денеска се одбележува Светскиот ден на СОС телефони за помош и поддршка на децата.

СОС телефонот е начин на кој може да биде слушнат гласот на секое дете. СОС-телефоните претставуваат значаен механизам на поврзување на децата со институциите кои можат да им помогнат. Осум години во нашиов град функционира СОС линија за помош на жени и деца, жртви на насилство, во рамките на женскиот центар „Бисера“.

„Ние во Охрид во женскиот центар „Бисера“ имаме СОС телефон за деца и жени жртви на насилство. Имаме доста јавувања од секаков тип на насилство. Имаме и деца кои се јавуваат и тие случаи ги доставувавме до центарот за социјални грижи и СВР“, потенцира Ирина Трајаноска, координатор на СОС телефонот.

Трајаноска информира дека на повиците на СОС телефонот одговараат волонтери, ентузијасти од различни професии кои се обидуваат да им помогнат на децата жртви на насилство. Што се однесува до дојавите на СОС телефонот, Трајаноска додава дека станува збор за пријави на различни облици на насилство во семејството, училиштето или помеѓу врсниците.

Иако СОС телефоните се сервис од јавен интерес и се потреба на граѓаните, односно децата, државата не го поддржува финансиски. Од центарот информираат дека финансиски досега сами ги покривале трошоците за функционирање на СОС линијата. Моментално се во преговори со Локалната, од каде се надеваат на помош, за континуирано и непречено функционирање на овој сервис.
{loadposition content9}