Skip to main content

Пријавување за Ѓомлезијада 2010

Општина Охрид започна со активностите за одржување на Манифестацијата „ЃОМЛЕЗИЈАДА 2010“.

 |  Маја Савиќ  | 
gjomleze
ѓомлезе
Втората по ред Ѓомлезијада ќе се одржи на 29 Мај 2010 во селото Скребатно со почеток од 9 часот (палење на огновите), а официјалниот дел започнува во 10:30 часот.

Се известуваат сите заинтересирани лица за подготовка на ѓомлезе, своето учество да го пријават во просториите на Секторот за Туризам и локален економски развој.

Бројот на учесници е ограничен на 20.

За најдобрите учесници обезбедени се награди, а за гостите и посетителите организирана е културно-уметничка програма.


Сектор за туризам и локален економски развој

тел: 046/ 230 175

{loadposition content9}