Skip to main content

Охридското археолошко злато далеку од очите на јавоста

Требенишката златна маска  и останатите златни украсни премети откриени во нашиот регион сеуште чмаат во музејското депо.

 |  Валентина Неловска  | 
zlatni predmeti
златни предмети
zlatna maskaТребенишката златна маска  и останатите златни украсни премети откриени во нашиот регион сеуште чмаат во музејското депо. Како што милуваат да кажат археолозите, охридското злато е на сигурно, иако имаше најави за негово презентирање пред охриѓани и туристите. Јавноста очекуваше збогатување и обнова на музејската понуда на градот. Златната соба  беше навестувана пред 4 години.  Според  археологот Паско Кузман таму треба да бидат изложени вредните златни експонати, но таа сеуште не е готова, но најавува дека ќе биде готова до крајот на годинава. Пред да стартува во 2011 година големиот заедничка проект „Pela dokvileja “ со Словенечките колеги. Станува збор за изложба од европски ранг каде што  Златаните предмети од охридските архолошки  локалитети ќе бидат презентирани  во неколку западно европски земји. Министерството за култура не штеди пари за нови и дореализација на започнатите проекти во Охрид. Одобрени се финансиски средства за  археолошкиот локалитет Плаошник и возобновување на Св. Климентовиот универзитет, за Киклопските ѕидини, за Самоиловата тврдина, доизградба на Музејот на вода. Направени се конзервации на бројни цркви во гардот и околината, санација на џамијата Хаџи Хамза. Инаку Меѓународниот  ден  на музеите, Националната установа Завод и Музеј го одбележа со 20-та традиционална сликарска изложба.

{loadposition content9}