Skip to main content

Бугарите ја сефтосаа новата атлетска патека

Едни од најдобрите балкански атлетичари во Охрид. Во пресрет на утрешниот атлетски митинг, бугарските атлетичари ја сефтосаа новата атлетска патека. Задоволни од организацијата, се надеваат на добри резултати.

 |  Крсте Голабовски  | 
atletika
атлетика
atletikaБугарските атлетичари ја испробаа новата тартан патека. Најбројната атлетска експедиција на претстојниот атлетски митинг, онаа на соседна Бугарија, на СРЦ „Биљанини извори“ го одржа првиот тренинг. Во состав од дваесетина атлетичари, предводена е од двократниот младински светски првак во фрлање ѓуле, Ѓорѓи Иванов учесник на Олимпијадата во Пекинг 2008.

Задоволна од Охрид, организацијата на митингот и условите кои ги нуди новата патека е и фаворитката во дициплината троскок, Андрија Веселинова- Б’Нова. И таа како и Иванов е еден од учесниците на Европското атлетско првенство вбо Барселона.

На утрешниот атлетски митинг, прв од ваков вид кај нас, ќе настапат некои од најдобрите атлетичари од Бугарија. Менаџерот на 90% од бугарските атлетичари кои се репрезентативци, и менаџер на бугарскиот атлетски тим “Павлов” , Горѓи Павлов истакна дека е задоволен од она што Охрид го нуди.

Инаку Павлов  е и организатор на најголемиот атлетски митинг во Софија. Тој потенцира дека  За охридскиот митинг да влезе во европската карта на митинзи потребни се многу финасиски средства. „Само за илустрација ќе ви кажам дека нашиот митинг има буџет од околу 120 илјади евра, од кои 40 илјади одат за наградниот фонд. Охрид технички ги исполнува условите, стадионот е одличен, стазата е нова, но за еден по силен меѓународен турнир потребно е да биде ставен во функција и охридксиот аеродром бидејќи најголемиот дел од странските атлетичари доаѓаат со авион. Сепак мислам дека сте тргнати  по правиот пат, а со помош од институциите лесно ќе влезете на европската мапа, додаде Павлов.

{loadposition content9}