Skip to main content

Македонско-германски полициски муабети

Денес во Охрид започна циклусот конференции насловен како „Охридски разговори“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Konferencija
Конференција

KonferencijaСтанува збор за средба помеѓу министрите  за Внатрешни работи на  Република Македонија и Сојузната покраина Брандербург- Германија. Проект кој заеднички се реализира 5 години, а најмногу се однесува во соработката на полициското работење меѓу двете земји.

Стартува циклусот конференции насловен “Охридски разговори“ во рамките на воспоставената повеќегодишна соработка меѓу Македонија и Германија, односно сојузната германска покраина Брандернбург. Преку оваа иницијатива се градат професионални партнерства и лични контакти и врски.  Министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска информира дека ваквото партнерството беше од голема помош за македонската полиција да го избере вистинскиот пат во спроведувањето на реформите. Јанкуловска додаде дека со партнерите од Германија реализирани се два твининиг проекти, од кои резултатите се повеќе од видливи.

Министерката потенцира дека соработката меѓу двете министерства се однесува на полициското работење.

Konferencija

„Преку ваквите иницијативи, не се градат само професионални партнерства туку се градат и лични контакти и врски меѓу вработените од двете министерства кои се дополнителнел импулс во соработката меѓу двете држави“, додаде министерката.
На средбата присуствуваше и министерот за внатрешни работи на Брандернбург, Рајнер Шпер кој ги поздрави разговорите и потенцира дека ваквите билатерални средби се важни и за интеграцијата на државата во ЕУ и за мирот и стабилноста на истата. Една од темите на кои ќе се разговара на средбата е и заштитата од пожари и катастрофи. Шпер изјави дека тоа е важна тема од заеднички интерес.

Eкспертите од двете министерства ќе презентираат искуства од повеќе области на безбедносната проблематика, почнувајќи од безбедносните истражувања, потоа делот на меѓународниот тероризам, со посебен акцент на исламскиот тероризам, за илегалната миграција и трговијата со луѓе, за заштита од пожари и катастрофи, безбедноста на аеродромите и друго. Темите на официјалните средби што ќе траат до 21.05.2010 година.
{loadposition content9}