Skip to main content

Проблемите со водата се глобални

Можно ли е да се имплементираат европските директиви за водите, во Балканските земји?

 |  Крсте Голабовски  | 
Konferencija
Конференција
KonferencijaЕксперти од целиот свет за хидрологија и клима на Меѓународната конференција во Охрид ќе се обидат да ги направат логични, нелогичностите кои последниве неколку години се јавија во хидрологијата.

Прашањето за водата, во годините кои доаѓаат станува филозофско прашање, велат експертите кои работат на проблематиката со мониторингот и експлоатацијата на водите. Над 400 еминентни научници кои се занимаваат со изучувањето на хидрологијата, метеорологијата и влијанието на климата врз различните сектори на водите, ќе се обидат да дадат одговор на прашања со кои се среќаваат последниве години. Климатските промени несомнено се резултат на човековите активности, а со последиците сите ќе мора да се соочиме, став е Проф. Цветанка Попоска од архитектонскиот факултет.

Попоска додава дека основните цели на конференцијата се подобрување на експертската соработката во секоторт води, како и примена на европските искуства околу оваа проблематика во балканските земји. Поради тоа се наметнува потребата од креирање на мешани експертски тимови од различни земји и зголемување на знаењата не само околу мониторингот на водите, туку и околу нивната експлоатација. Еден од коорганизаторите на конференцијата е и Министерството за животна средина на Франција. Францускиот амбасадор во земјава потенцира дека Франција е подготвена да помогне и со искуства и логистички.

На неколкудневната Меѓународна конференција за води, клима и хидрографија, учество ќе земат над 400 експерти од целиот свет. Организатор  е „Балканскиот институт за вода“ од Монпеље Франција, додека како коорганизатори се јавуваат Министерството за животна средина од Франција и Министерството за животна средина и просторно планирање од Македонија. Последниве неколку години се поинтензивно е учеството на двата најголеми универзитети од земјава преку, Архтектонскиот факултет и хидробиолошкиот завод.Инаку ова е четврто издание на конференцијата од 2006 година.

{loadposition content9}