Skip to main content

Цвеќињата од градските паркови завршуваат во приватни дворови

Секое утро недостасуваат цвеќиња од уредените градски паркови. Со љубов ги садиме и оддржуваме атрактивните садници велат од ЈП „Охридски Комуналец“, па сме вчудоневидени кој се осмелува да се дрзне на ваков чекор.

 |  Билјана Николовска  | 
park
парк
Се крадат садници од градските паркови во Охрид. Познато е дека пред еден месец ЈП „Охридски Комуналец“ се нафати да ги уреди парковите низ градот. Тоа го направи со сезонско насадување на  околу 13 000 атрактивни цветни растенија. „Целта на ваквото уредување е Охрид за престојната сезона да биде разубавен и хортикултурно уреден“, велат од јавното претпријатие. Одговорниот на Градски паркови, Трајан Љаткоски вели не е чесно да се уништи дел од општото добро за градот за сметка на еден или неколку дворови.
park

Утринските часови се најкритични, потенцира Љаткоски. Тој додаде дека најчесто таканаречените крадци на цвеќиња оперираат за време кога се создава голема гужва. Љаткоски во интерес на спречување на ваквото однесување на поединци, кажа алтернатива која ја нуди јавното претпријатие. „Сите кои што сакаат да одгледуваат садници во својот двор, во нашиот расадник има доволно за сите. Плус тоа, можат да се добијат и стручни совети од вработените за нивното оддржување.
Од јавното претпријатие велат дека веќе има осомничени. Со цел да се одбегне примена на непопуларната мерка на законот за паркови и зеленило, од таму апелираат совесно однесување на граѓаните кон уредените зелени површини.
komunalec

{loadposition content9}