Skip to main content

На 18 седница се дискутираше за актуелни прашања

Низа дискусии, расправии, но и согласувања на 18 седница на Советот која се одржа денеска.  Статутот на новото ЈП Нискоградба и кварталниот извештај на МЈП „ Проаква“ привлекоа посебно внимание кај советниците.

 |  Татјана Маленкова  | 
sednica
Седница
sednica Советот  на град Охрид ја одржа 18 седница. По усвојувањето на записникот од претходната седница на иницијатива на градоначалникот беа повлечени сите точки од дневниот ред кои се однесуваа на урбанистичките планови, поради тоа што истите и покрај тоа што биле изработени во сите фази, сеуште не го добиле потребниот потпис од министерството за транспорт и врски. Советниците посебно внимание посветија на предлог одлуката за надополнување и разрешување на членови од управниот одбор на ЈП Охридски Комуналец, како и  Предлог одлука за давање согласност на Ценовникот на услуги  на Јавното претпријатие за изградба , одржување, реконструкција на локални патишта и хидротехнички објекти „ Нискоградба“ – Охрид. но и за Предлог одлука за давање согласност на Ценовникот на услуги  на МЈП „Проаква“ Струга. и предлог одлука за усвојување на кварталниот извештај на МЈП „ Проаква“ Струга РЕ,  Водовод Охрид и РЕ Колектор Струга.
„Ни се дава предлог одлука , а знаеме дека со неа се дава зелено светло за кредитно задолжување на Проаква, обвинува советничката од ВМРО ДПМНЕ Јованка Дамоска. таа појасна дека советничката група на ВМРО ДПМНе гласаше против  и на 14 седница, кога се расправаше за нов кредит на ова ЈП, поради тоа што според неа на тој начин раководството на ЈП ќе продолжи со надомаќинско работење.
По однос на точката Предлог одлука за давање согласност на Статутот на Јавното претпријатие „ Нискоградба“ – Охрид, со свои забелешки советникот од ВМРО ДПМНЕ,Џемал Рахман.
Спротивно на ова советникот од СДСМ Ахмет Пател истакна дека оваа советничка група ја подржува предлог одлуката и додаде дека не држи примедбата околу бројот на членови на надзорни и управни одбори, затоа што се е согласно законските одредби. И Градоначалникот го изнесе својот став по однос на обвинувањата од советниците на ВМРО ДПМНЕ.
На денешната седница се расправаше и за предлог-одлуката за утврдување на висината на трошоците за уредување на градежното земјиште која беше повлечена од 17-та седница заради подобрување на предлогот, како и предлог-одлуката за измена и дополнување на режимот на сообраќај.
{loadposition content9}