Skip to main content

Интерпелацијата на претседателот Иванов влегува во собраниска процедура

Нешто повеќе од 50 пратеници ја потпишале иницијатива на пратениците на опозициската СДСМ за утврдување одговорност на претседателот Ѓорѓе Иванов по донесување на одлуката за општа аболиција со која помилува 56 лица меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешни министри за кои се водат постапки во Специјалното јавно обвинителство и во судовите, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и други политички претставници.

 |   | 
гјоргје

ѓорѓеНешто повеќе од 50 пратеници ја потпишале иницијатива на пратениците на опозициската СДСМ за утврдување одговорност на претседателот Ѓорѓе Иванов по донесување на одлуката за општа аболиција со која помилува 56 лица меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешни министри за кои се водат постапки во Специјалното јавно обвинителство и во судовите, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и други политички претставници.

И покрај тоа што иницијативата, која е поддржана и од ДУИ, веќе има доволно гласови за да влезе во собраниска процедура, сепак за да му биде констатирана одговорност на претседателот Иванов потребно е двотретинско мнозинство односно 82 гласа од вкупниот број на пратеници.

Со оглед на тоа дека ВМРО –ДПМНЕ има 59 пратеници, речиси неверојатно е дека ова мнозинство ќе биде постигнато.

Како и да е, со разгледување на иницијатива, Иванов ќе мора да ги сослуша забелешките на пратениците и на истите да одговори, оти при импичмент, тој мора лично да се појави на седницата, односно не може да испрати свој заменик или пак писмено да се обрати.