Skip to main content

LC Waikiki ја отвори својата продавница во Охрид

Отворањето на продавнициата во нашиов град  е одговор на интересот на македонските потрошувачи, кои ги сакаат Waikiki производите поради високиот квалитет, модерната линија која ги следи трендовите и пред се поради ценовната достапност.

 |   | 

LC Waikiki пристигна и во Охрид. Денеска свечено беше отворен продажниот простор на овој водечкиот моден и малопродажен бренд во светот.Менаџментот го избрал Охрид поради неговиот туристички потенцијал како погодна локација за проширување на достапноста на брендот. Мисијата на LC Waikiki е да обезбеди квалитетна, стилизирана облека и модни додатоци за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња по пристапни цени под брендот на LC Waikiki, изразени преку мотото на компанијата.

„Ние работиме под мотото Секој заслужува да се облекува убаво и сметаме дека тоа треба да важи во светки рамки. Затоа се фокусираме на проширување не само во Европа, туку на Балканот, Субсахарска африка и далечниот Исток. Јас сум одговорен за овој регион и се обидувам да му служам на нашето мото. Се обидуваме оваа облека со висок квалитет и пристапни цени да ја направиме подостапна за сите“ велиХарун Демирташ – Геренрален менаџер на LC Waikiki за Македонија.

Отворањето на продавнициата во Охрид е одговор на интересот на македонските потрошувачи, кои ги сакаат LC Waikiki производите поради високиот квалитет, модерната линија која ги следи трендовите, и пред се поради ценовната достапност. Продавниците ги карактеризира пријатна и топла атмосфера, можност потрошувачите едноставно и брзо да го најдат она што им е потребно. И секако тука е и она што го привлекува секој потрошувач, попустите.

„Сега сме во период на попуст до 30 % но за отприлика еден месец во сите продажни места ќе имаме попуст до 50%. Целта ни е да ја продадеме целата облека. Кога ќе ја посетите продавницата , облеката која е на попуст има црвени етикети. Попусти имаме преку целата година, постојано. Не ја продаваме облеката од ланската сезона со попуст туку моделите од тековната сезона се на попуст кој е јасно означен на етикетите“ објаснува Харун Демирташ – Геренрален менаџер на LC Waikiki за Македонија.

Новата продавница се простира на површина од 1046 квадратни метри и ќе има три оддела со модни колекции наменети за мажи, жени и деца/бебиња, со други зборови ова ќе биде место каде целото семејство ќе може да го пронајде својот стил . На располагање на клиентите ќе им бидат 38 вработени сите од Охрид. Компанијата работеше 3 и пол месеци на подготовка на просторот исполнувајќи ги највисоките стандарди и од безбедносен и од комерцијален поглед. Во Македонија LC Waikiki работи во 6 продавници, од кои 3 се во Скопје, 1 продавница во Тетово и една во Битола. Охридската е шеста по ред а менаџментот планира да отвори уште во три други градови затоа што македонците го сакаат Waikiki. Интенција на LC Waikiki ,e да биде еден од најуспешните модни брендови во Европа до 2023 годинa.