Skip to main content

Завршува музичката програма на фестивалот „Охридско лето“

Со настапот на рускиот виолинист Вадим Репин и пијанистот Андреј Коробеиников, завршува музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.

 |   | 

Најдобрите руски изведувачи ќе имаат чест да бидат големото финале на музичката програма на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Рускиот виолинист Вадим Репин и пијанистот Андреј Коробеиников вечерва во 21 часот во црквата „Св.Софија“ ќе ја почестат фестивалската публика со дела на Клод Дебиси, Сергеј Прокофјев, Игор Стравински и Петар Илич Чајковски.

„Голема креативна енергија се вложува за изборот на уметници на свеченото отворање, но исто така значајно е кои ќе бидат уметниците кои ќе настапат на затварањето на музичката програма. Како доказ за ова се настапите на завршниот концерт на музичката програма на изминатите години на големите уметници како Сара Чанг, Венгеров, Александар Рудин, Енрико Диндо, Немања Радуловиќи многуд други. Оваа година на наше големоз адоволство како домаќини, ги имаме ексклузивните уметници, еден од најголемите виолинисти на денешеницата, Вадим Репин и маестралниот пијанист Андреј Коробејников“ вели Гордана Јосифова Неделковска – музички селектор „Охридско лето“.

Рускиот виолинист Вадим Репин на 17-годишна возраст во својата биографија запишува голем број награди на национални и интернационални натпревари. По ова следат голем број турнеи низ повеќе земји, каде настапува со најзначајните оркестри и најистакнатите диригенти. Како камерен изведувач соработувал со голем број музички имиња, меѓу кои и познатиот руски пијанист Николај Лугански. Репин пресрежен што повторно е во Охрид и нафестивалот Охридско лето, фестивал кој за него е е репер за тоа какот реба да изгледа еден успешен фестивал.

„Во Охрид сум после една деценија а можеби и повеќе, и тогаш бев воодушевен од езерото, пејасажите, мирисот, сеќавања кои сеуште ги чувам како нешто посебно. Фестивалот „Охридско лето“ пак како настан е нешто навистина импресивно, а знам бидејќи и сам сум во органзацијата на еден сличен фестивал, кој го организирав пред неколку години, па така за мене „Охридско лето“ секогаш е успешен пример на фестивал кој ми помога во организирањето на идните изданија на мојот фестивал“ истакна Репин.

Андреј Коробеиников е руски пијанист, кој соработува со голем број реномирани диригенти. Бил учесник на повеќе престижни фестивали во светот, а добитник е и на голем број награди и признанија. Иако Коробеиников најчесто настапува како солист, за нeго камерното музицирање претставува посебна страст. Соработката со Репин пак е нешто навистина посебно.

„За мене музицирањето со Вадим е нешто навистина посебно бидејќи ова е единствениот ансамбл кој го работам, да свирам со него, бидејќи преферирам да настапувам како солист. Соработката со Вадим носи посебни чувства. Најважно е тоа што кога свирам задно со него секогаш публиката добива нешто ново“ објасни Коробејников.

Инаку и двајцата уметници можат да се пофалат со одржани повеќе од 80 концерти во текот на годината, факт кој сам по себе е показател дека фестивалската публика ја очекува едно големо финале на музичката програма на годинешнното издание на „Охридско лето“.