Skip to main content

Охрид домаќин на првиот меѓународен турнир во најстарата мисловна игра во светот

Викендов во летната бавча „Канео“ во Охрид домаќин на првиот меѓународен турнир во Го, најстарата мисловна игра во светот.

 |   | 

Меѓународен турнир на најстарата мисловна игра во светот, во најстариот град во регионов. Овој викенд Охрид ќе биде домаќин на првиот Меѓународен турнир во „ГО“, најстарата мисловна игра во светот. Инаку „виновници“ за овој настан се Филип и Анастазија Паскали од Охрид кои се и првите македонци, и охриѓани кои настапиле на официјален турнир во играта, надвор од границите на земјава, во соседна Србија. Жељко Веселиновиќ од клубот PRO Go од Ниш објаснува дека организирањето на овој турнир во Охрид е еден обид да се зголеми популарноста на оваа игра во нашата земја.

„Наша жеба е Охрид да стане центар и како што имаме задоволство да го следиме маратонот, така би сакал следната година да ни биде задоволство да ги пречекаме мајсторите на „ГО“ од повеќе европски земји, зошто едноставно Охрид е преубав и моја дамнешна желба е покрај Ниш и во Охрид да имаме еден „ГО“ клуб“ објаснува Веселиновиќ.

Играта е исклучително популарна во цела Европа, а во соседството, веќе четириесет години се игра во Србија, вели Живојиновиќ. Србите веќе имаат играчи кои настапуваат на Светското провенство во Јапонија, а важно е да се напомене дека кај нив оваа игра е регистирирана како мисловен спорт.

„Јас моментално имам училиште со повеќе од 30 деца, од петто одделение кои од научните институции добија да реализираат проект бидејќи се востанови дека децата кои ја играат оваа игра, имаат подобри оценки на училиште, подобро се однесуваат и сега добивме еден научен проект, односно формирање на клуб на социјални игри за децата да постигнуваат подобри резултати во учењето, да се тргнат од негативните појави од улицата и дремењето на фесјбук“ додава Веселиновиќ.

Го лесно се учи, но колку повеќе го играте толку помалку го знаете, велат оние кои длабоко навлегле во тајните на оваа игра. Иако станува збор за абстрактна игра, таа секогаш била интерпретирана како стилизирана репрезентација на војна, поставување граница, контрола на дел од пазарот, дури и како гатање и предвидување. Го секогаш била најиграна игра во светот. Врвните интернационални натпревари можат да ги направат најдобрите играчи милионери. Турнирот ќе се одржи на 20ти и 21ви август во летната бавча „Канео“ во Охрид. Право на учество на турнирот имаат сите заинтересирани без возрасни граници. Поканети се сите љубители на играта Го, како и сите заинтересирани со желба да научат да ја играат оваа фасцинантна игра.