Skip to main content

Комична опера во хуманитарни цели

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид наредниот петок 30.09 ќе биде поставена комичната опера „РИТА“ на Гаетано Доницети, Станува збор за хуманитарна претстава, за загрозените од поплавените подрачја.

 |   | 

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид наредниот петок 30.09 ќе биде поставена комичната опера „РИТА“ на Гаетано Доницети, Станува збор за хуманитарна претстава, за загрозените од поплавените подрачја. Почетокна претставата е во 20.00 часот, влез 150 денари, голема сала, а картите се во продажба на билетарата на Центарот.

Комична опера во еден чин по либрето на Густаво Ваез. Првата изведбата на операта е во Париз 07.05.1860, под работен наслов „Двајца мажи и една жена“ Диригент на претставата е Ѓургица Дашиќ.

Режисер: Трајко Јордановски
Сценограф/Костимограф: Марија Ветеровска
Концер мајстор: Јане Бакевски
Светло мајстор: Васко Лисичов

Корепетитор: Андреја Наунов
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева, Павлина ЗдравковаУЛОГИ:Рита: Полина Тасева, Бепе: Јане Дунимаглоски, Гаспаро: Невен Силјановски, Бартоло: Борко Биџовски