Skip to main content

Олимписка обука за спортска администрација

Во организација на Македонскиот олимписки комитет а во соработка со Националните спортски федерации и Општина Охрид Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, д-р Васил Тупурковски, денес ја отвори „Олимписката обука за напреден спортски менаџмент на спортската администрација на Република Македонија“.

 |   | 

Во организација на Македонскиот олимписки комитет а во соработка со Националните спортски федерации и Општина Охрид Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, д-р Васил Тупурковски, денес ја отвори „Олимписката обука за напреден спортски менаџмент на спортската администрација на Република Македонија“.

Континуираниот развој на спортот, менаџерското водење на екипите и начинот на водењето на спортот се само некои од темите на кои беа опфатени на семинарот кој денес се одржа во Охрид насловен како „Олимписката обука за напреден спортски менаџмент на спортската администрација на Република Македонија“. Инаку главна цел на оваа обука е унапредување на ефикасноста на Националните спортски федерации односно на спортската администрација во Република Македонија. Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски потенцираше дека големиот спортски подем и инфраструктурниот напредок на Охрид се причините поради кои Охрид е избран за град домаќин.

Заменика градоначалникот Ангел Јанев пак подвлече дека Охрид како град има се она што му потребно за екипи од светот да дојдат и да се подготвуваат за натпревари со домашен и меѓународен карактер. Во насока кон подобрувањето на инфраструктурата во Охрид со помош на Агенцијата за млади и спорт се отворија игралишта за тенис и мултифункционално игралиште, а во напредна фаза е изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид кој ќе ја заокружи богата понуда во нашиот град.

Предавачи на семинарот во Охрид беа Даниел Димевски, поранешен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија и Д-р Сашо Поповски, а охридските спортски работници беа дел од настанот кој се одржа во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК) во соработката со Општината Охрид и Националните спортски федерации.