Skip to main content

„Охридско лето“ после 10 години со нови селектори

Актерот Зоран Љутков и тенорот Ѓорѓи Цуцковски се нови уметнички селектори за драмскиот и за музичкиот дел на фестивалот. Новите селектори најавуваат оти со директорот Оливер Арсовски годинава ќе ја соопштат програмата на почетокот на годината.

 |   | 

Актерот Зоран Љутков и тенорот Ѓорѓи Цуцковски се нови уметнички селектори за драмскиот и за музичкиот дел на фестивалот. Новите селектори најавуваат оти со директорот Оливер Арсовски годинава ќе ја соопштат програмата на почетокот на годината.

Двајцата уметници доаѓаат на местото на Гордана Јосифова – Неделковска и на Ѓорѓи Јолевски, кои 10 години ја правеа програмата на најголемата музичко сценска манифестација во Македонија. Селекторот на драмската програма Зоран Љутков е вработен актер во Драмскиот театар, а оваа година му завршува мандатот како директор на Фестивалот на античка драма Стоби.
За некои електронски и пишани медиуми тој обелодени дека програмата во драмскиот дел е речиси готова, а амбициозно најави и максимално искористување на сите сцени а и отворање и на нова сцена.

Првенецот на Операта, Ѓорѓи Цуцковски, пак е нов музички селектор на фестивалот Охридско Лето За Цуцковски ова не е прв ангажман од ваков тип, со оглед на тоа што до скоро беше уметнички раководител на операта при МОБ. Тој најавува спектакуларно отворање и затворање на фестивалот, а истовремено и богата програма со сите музички жанрови за времетраењето на фестивалот.

Првенецот на Операта, Ѓорѓи Цуцковски, е нов музички селектор на фестивалот Охридско Лето За Цуцковски ова не е прв ангажман од ваков тип, со оглед на тоа што до скоро беше уметнички раководител на операта при МОБ.Тој најавува спектакуларно отворање и затворање на фестивалот, а истовремено и богата програма со сите музички жанрови за времетраењето на фестивалот . Додаде дека 80 отсто од музичката програма е веќе готова, и тој уште во јуни ја предал во Министерството за култура.

И двајцата селектори најавија дека со директорот Оливер Арсовски ќе ја соопштат програмата на почетокот на годината, со што ќе помогнат на туристичката сезона на градот, па така уметничките обожаватели ќе можат навреме да го испланираат летото, според понудата на Фестивалот.