Skip to main content

Општествената одговорност е дел од функционирањето на културните установи и институции

После успешното поставување на претставата „Парламентарки“ од која собраните средства беа наменети за помош на настраданите од поплавените подрачја, во петок во Охрид за слична цел Македонската Опера и Балет гостува со претставата „Рита“.

 |   | 

После успешното поставување на претставата „Парламентарки“ од која собраните средства беа наменети за помош на настраданите од поплавените подрачја, во петок во Охрид за слична цел Македонската Опера и Балет гостува со претставата „Рита“.

Продолжуваат општествено одговорните активности на Центарот за култура „Григор Прличев“. После поставувањето на претставата „Парламентарки“, од која собраните беа донирани за помош на загрозените семејства од подрачјето зафатено од големата поплава што на почетокот од август се случи во скопскиот регион, во петок за слична цел Македонската Опера и Балет гостува со претставата „Рита“. Живееме во време на општествени состојби кога се губат одредени вредности, па така културните институции се оние кои со своите капацитети прават одредени напори за зајакнување на воспитувањето на духот, вели Горан Стојаноски – директор Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“.

„Основната функција на културните установи и институции е да се грижат за општеството на било каков начин. Дали е тоа преку прибирање на одредени средства и да се помогне тоа е едниот аспект кој може да се направи, а исто така и другиот аспект е едукација и хумнаизација преку нашите дела“ вели Стојаноски.

Овој петок, гостува Македонска опера и балет со претставата „Рита“. Почеток на претставата е во 20.00 часот, влез 150 денари, голема сала, а картите се во продажба на билетарата на Центарот. Средствата собрани од продажбата на билетите и од оваа претстава, ќе бидат наменети за настраданите од полавите. Интересот за театарските претстави е навистина голем објаснува Стојаноски. Речиси и да нема претстава за која салата не е исполнета, а интересот е дотолку поголем кога публиката има можност ем да ужива ем со тоа да направи добро дело.

„Интересот за нашите дела што ги правиме е секогаш онолку колку што е салата. Тоа е е еден интересен феномен кој подолго време се провлекува низ нашите идеи колку публика имаме. Интересот е секогаш една приказна која мене секогаш ме восхитува дека секогаш салата на некој начин е полна“ објаснува Стојаноски.

Продолжуваат и гостувањата на други театри во Охрид, можност преку новата репертоарска политика, публиката да доживее работи кои се од различен жанр, со различни актери. Вечерва на репертоарот на Охридскиот Народен театар е претставата „Прекинатата Одисеја“ во изведба на актерите од МНТ.