Skip to main content

Изложба на Полската школа на плакати

Изложбата е поставена во Спомен куќата на Христо Узунов, а изложени се седумнаесет плакати.

 |   | 

Богатата збирка na плакати која Полската амбасада во РМ ја донесе, во земјава достапна и за охридската уметничка публика. Во наредниве неколку денови во спомен куќата на Христо Узунов, изложени се делата на најистакнатите полски автори на плакатот од таканаречените Златни години од 1950 година до денес. Со децении, ниту еден јавен настан, филм, фестивал, концерт,театарска престава не е презентиран без присуство на плакат. Со инвенцијата на тробојната литографски процес во 1880 година од страна на францускиот графичар Џулс Шерет плакатот на крајот од 19 век во Европа станува уметност на големиот урбан пејзаж. Ова ново средство на комуникација особено се развива со новите графички решенија и големата иновативност на првите мајстори на постерот, Анри де Тулуз Лотрек, Леонето Капиело, Алфонс Муха, Еуген Грасет, објаснува М-р Сашо Блажески, кустос за современа уметнос при Н.У. Завод и музеј“ Охрид.

„Ја замаглуваат дистинкцијата помеѓу уметникот и дизајнерот. Зошто тоа се случува, после 1956-та година Полска се ослободува од советското влијание и соцреализмот, кога работат само за политиката за Комунистичката партија. После 1956-та година државата ги ослободува уметниците и затоа настанува таа Златна доба“, вели М-р Сашо Блажески, кустос за современа уметност при Н.У. Завод и музеј“ Охрид.

Полскиот плакат е дозволена форма на уметничка екпресија, а благодарение на Полските графичари Полска станува светски позната по уметноста на плакатот. Полскиот плакат достигнува ниво на национална уметност благодарение на екстремно талентираните графичари како Томашевски.Леница, Мајевски, Млодожењец, Старовјејски, Швјежи и многу други.
Во Варшава во 1968 година се отвори првиот музеј на плакат во светот, Музејот на плакатот во Виланов како дел од Националниот Музеј во Варшава чија колекција брои повеќе од 60.000 дела и воедно е една од најголемите колекции на плакат во светот. Инаку оваа изложба е реализирана преку проектот „Музеум линк“ на Музеј на град Скопје во соработка со 18 музеи надвор од Скопје, меѓу кои и НУ „Завод и музеј“ од Охрид,изложба која нема да биде единствена, вели Блажески.

„Планираме во иднина да продолжиме со овие циркуларни изложби, поразлични, тематски и од едукативен карактер. Следната изложба ќе биде јапонска графика од 17-19 век“, потенцира М-р Сашо Блажески, кустос за современа уметност при Н.У. Завод и музеј“ Охрид.

Полската школа за плакат, не е само врв на полската креативност и културно живеење по Втората светска војна, туку, како што вели Блажески, и сериозен претставник во европските културни текови. Изложбата е презентирана во галерии и музеи во повеќе градови низ Македонија.