Skip to main content

СЈО, УБК и системите за прислушување

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева од вчера со судски наредби води истрага во Управата за безбедност и контраразузнавање, пренесува „Makfax“.

 |   | 

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева од вчера со судски наредби води истрага во Управата за безбедност и контраразузнавање, пренесува „Makfax“.

„Влеговме во УБК, во наредбите стои дека треба да ги преземеме сите ПИМ кои се доставени од страна на судовите, решенијата за ПИМ мерки од 2008 до 2015 година и сите разговори кои ги имаат снимено во тој период.

Сѐ уште работиме на тоа, соработката оди тешко, директорот на УБК одбива да постапи, во исто време постојано е присутен, не знам по кој основ, господинот Чавков. Други полициски службеници доаѓаат и излегуваат, не можеме да знаеме кои се, но ве уверувам дека јас со мојот истражителски тим и со моите обвинители остануваме до крај, додека не ги извршиме судските наредби“, рече Јанева.

Според неа, денешната истрага во УБК следела откако Управата подолго време не им ги доставувала документите што од нив биле уредно побарани. Станува збор за документи поврзани со прислушувањето во периодот од 2008 до 2015 година.

Јанева уште додава дека целта на истрагите е да се утврди дали прислушувала УБК, или, пак, тоа го правеле странски служби. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева изјави дека постапката на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање тапка во место и по 12 часа откако тимот на Јанева влезе во УБК со судска наредба да ја преземе документацијата во врска со прислушувањето.