Skip to main content

Ericsson: Ериксон не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за Законско Пресретнување на комуникациите

Ериксон не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за Законско Пресретнување на комуникациите, се вели во официјалното соопштение од компанијата, пренесува: „Макфакс“.

 |   | 

Ериксон не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за Законско Пресретнување на комуникациите, се вели во официјалното соопштение од компанијата, пренесува: „Макфакс“.

„Законското пресретнување на комуникации е задолжителна и стандардна функционалност во мрежите на јавната телефонија и телеком операторите и земјите во светот се обврзани да овозможат таква функционалност за локалните власти. Ериксон, како производител на телефонски системи и опрема, исто така, е производител на Системи за Законско Пресретнување“, пишува во соопштението.

Ериксон потврди дека на 19-ти октомври 2016 година добил барање од Специјјалното Јавно Обвинителство (СЈО), по судска наредба од Основниот суд Скопје 1 во Скопје, за техничка асистенција заради истрага и во врска со функционалноста на Законското Пресретнување на комуникации, при тоа додавајќи дека понатамошни информации треба да се бараат од СЈО.