Skip to main content

Нова серија земјотреси ја погодија Италија

Силни земјотреси ги погодија централните области на Италија кои во август годинава претпрпеа големи штети од тогашниот земјотрес.

 |   | 

Силни земјотреси ги погодија централните области на Италија кои во август годинава претпрпеа големи штети од тогашниот земјотрес.

По вчерашните три земјотреси нема извештаи за загинати. Тие беа почувствувани и во Рим и Неапол и предизвикаа оштетувања на стари згради, вклучувајќи и неколку историски споменици и цркви.

Првиот земјотрес бил со сила од 5,4 степени според Рихтеровата скала, вториот 6,1, а третиот од 4,9, соопшти американски Геолошки институт. Неколку часа по земјотресите локалните власти известија за десетина полесно повредени лица.