Skip to main content

Јиржи Свобода ја прими Светската награда за хуманизам за 2017 година

Наградата ја доделува Охридската академија за хуманизам, чиј основач и претседател е Јордан Плевнеш,а годинешниов лауреат се вбројува меѓу големите имиња на светската хуманистичка мисла кои изминативе години ја збогатија духовната меморија на Охрид.

 |   | 

Големото име на чешката и светската кинематографија Јиржи Свобода, е уште едно од големите имиња на светската хуманитарна мисла на кој синоќа му беше врачена Светската награда за хуманизам за 2017 година. Оваа награда секоја година ја доделува Охридската академија на хуманизам, чиј основач и претседаел е Јордан Плевнеш. Лауреатот Свобода рече дека сака да верува оти луѓето кои се верни на своите убедувања , односно оние кои продолжуваат со делото, се луѓето кои и припаѓаат на иднината.

„Длабоките мисли ги заменија бесконечните длабочини на интернетот, христијанските храмови ги заменија храмовите на потрошувачката. Место Стендал и Егзипери ни се наметнуваат телевизиски серии, преполни со еротика и насилство, но можеби тоа е само мое носталгично чувство на стар човек.Ви благодарам за честа, која дава смисла на пораката на хуманизмот која јас ја гледам како обврска кон иднината“ – се заблагодари лауреатот Јиржи Свобода.

Наградата на Свобода му ја додели градоначалникот на општина Охрид, доктор Никола Бакрачески, кој посочи дека Свобода, заедно со добитниците на престижната награда на Охридската академија на хуманизмот од минатите години, од вечерва е дел од богатата духовна меморија на Охрид, градот на вечно живите македонски просветители Св. Климент и Св. Наум, ученици на апостолите на сесловенската култура и заштитници на Европа

„Охрид, станува центар на светскиот хуманизам, зошто и минатата година и оваа година давам убверување дека градот Охрид и граѓаните на Охрид ќе дадат се од себе градот да се вбројува како еден од центрите на светскиот хуманизам бидејќи гледате дека оваа листа на еминентни имиња од различни области на културата, науката и останатите делови од секојдневното живееење постојано се зголемува со маркантни личности и сметам дека Охрид го заслужува тој епитет“, рече Никола Бакрачески – Градоналчалник – Општина Охрид.

Јиржи Свобода, чија уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи меѓу големите имиња на светската хуманитарна мисла. Јордан Плевнеш, основачот на Охридската академија на хуманизмот истакна дека идејата Охрид да се прогласи за светски центар на хуманизмот од година во година се потврдува.

„Се претвора во еден вид на против тежа на она што глобалниот терор го нуди во светската политичка слика, и она што бил сон на Св. Кирил и Методиј како заштитници на Европа, како градители на цивилизацијата на љубовта и нсталгијата на единството и коешто охридската школа на хуманизам го осветлува на тој пат на човечката надеж од средниот век до денес и во вечноста“ посочи Плевнеш.

Од востанувањето во 2007 година, Светската награда за хуманизам е доделена на великаните на интернационалната хуманистичка визија, како што се Даисаку Икеда (Јапонија), Мануел Де Олвеира (Португалија), Александр Солжењицин (Русија),Херта Милер (Германија), и други. На свеченоста, на проф. д-р Никола Бошале, му беше доделена повелба за почесен член на Охридската академија на хуманизмот. Во негово име повелбата ја прими ликовниот уметник Славко Упевче, кој на академијата ија подари оргиналната насловна страница од книгата на Бошале, посветена на Св. Климентовата школа на хуманизмот.