Skip to main content

Квалитетна фотографија или величење на тероризмот?

Жирито на World Press Photo во неколку наврати шокираше со своите одлуки, соопштува телевизијата „Дас Ерсте“ (Das Erste).

 |   | 

Жирито на World Press Photo во неколку наврати шокираше со своите одлуки, соопштува телевизијата „Дас Ерсте“ (Das Erste).

Оваа година наградата ја доби фотографија на која е снимен убиецот на рускиот амбасадор Андреј Карлов.

„Ние се имаме работа со слика која, во суштина, го прикажува терористот како триумфатор“, вели навредено германскиот фотограф Кристоф Бангерт.

Песков: Руските медиуми заслужуваат само аплауз Лондон ќе издвои за Украина и Балтикот 700 милиони фунти за борба со Русија Руската амбасада во Лондон реагира на „епидемијата“ на сајбер-напади

Титулата фотографија на годината во светскиот печат се доделува на фотоснимки кои им даваат почеток на големите и малите пресвртници на историјата. Овој пат наградата ја доби турскиот фотограф Бурхан Озбилиџи за сликата на која е забележан моментот по убиството на рускиот амбасадор во декември во Анкара. Според жирито, таа фотографија полна со тензија ја искажува целата омраза на нашето време. Одлуката, сепак, беше критикувана.

„Наградата за фотографијата од убиството на Карлов има „морална црвоточина“
Еден од критичарите е и фотографот Кристоф Бангерт, кој има работено во жариштата ширум светот.

„Си имаме работа со снимка која, во суштина, го изложува убиецот или терористот како триумфатор. Него го претставија на начин на кој, веројатно, тој самиот се гледа во момент на одмазда. На мој поглед, токму во тоа е и проблемот“, изјави Бангерт.

Својата одлука жирито ја објасни со тоа што најдобрата фотографија на годината ја олицетворува целата омраза на нашето време и фактот дека светот се приближува до работ на амбисот, пренесува RT.