Skip to main content

National Geographic: Охрид едно од десетте природни и историски богатства на Македонија

Љуботен, Скопје, Охрид, Матка, Маврово и Крушево се само неколку од природните и историските богатства кои како дел од Македонија се посочени во најновото издание на престижниот National Geographic.

 |   | 

Љуботен, Скопје, Охрид, Матка, Маврово и Крушево се само неколку од природните и историските богатства кои како дел од Македонија се посочени во најновото издание на престижниот National Geographic.

Опишана како крстосница помеѓу истокот и западот, ризиница преполна со тајни и историски споменици, природни чуда и разновидност од култури, Македонија е место на Балканот, кое според ова списание мора да биде псоетено, а Охрид едно од нејзините нарепрезентативни богатства.

Во статијата Македонија е опишана како едно од најфасцинантните места во светот, но истовремено едно од најнеоткриените. Место во кое небото заедно го допираат и црковните ѕвона и минарињата од џамиите.

Покрај храната и пијалоците и сите оние активности кои можете да ги направите, посетата на Љуботен, Скопје, Охрид, Матка, Маврово и Крушево се посочени како нешта кои доколку ја посетите Македонија, мора да ги видите, стои во статијата на Национална географија.

Посетата на Охрид, е еквивалент на посета на Медитеранот, кристално чистите води на езерото старо милиони години ја мијат една од најстарите населби во Европа. Важноста во Охрид во религиозната историја пресликана е во црквите како Св. Јован Канео, и во целост реконструираната црква посветена на Свети Пантелејмон. Не се запоставени и природните убавини како планината Галичица и националниот парк, како и можноста со параглајдер да бидете сведок на ретката глетка кон двете езера.