Skip to main content

Промовиран дигитален регистар на активни и квалификувани туристички водичи во РМ

По повод Светскиот ден на туристички водичи, денеска, беше промовиран веб дигитален регистар на активни и квалификувани туристички водичи во Македонија. Регистарот е изработен од Асоцијацијата на туристички водичи, со поддршка на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост,  „ИМЕ“ како дел од активностите за унапредување на туристичката понуда во Македонија.

 |   | 

Овој регистар овозможува пристап до активни и професионални водичи кои ја познаваат туристичката дејност и кои, на овој начин, ќе добијат дополнителна можност за промоција на својата работа, објаснуваат од Асоцијацијата на туристички водичи. Веб регистарот може да го користат туристичките оператори, но и туристите, за спроведување организирани тури со активни водичи. Регистарот, во кој се вклучени сите видови туристички водичи, содржи информации за квалификацијата на туристичкиот водич и неговата сертификација, јазиците кои ги говори, типот на тури кои ги води, регионот во кој работи и контакт информации.

Следната фаза од овој проект ќе вклучува и можност за резервација и рангирање на водичите според задоволството на клиентите. ИМЕ програмата ќе работи и на подобрување на вештините на туристичките водичи, пред сé во областа на безбедноста на туристите и на подобрување на стандардите во нивната работа.

Веб регистарот може да го користат туристичките оператори, но и туристите, за спроведување организирани тури со активни водичи. Регистарот, во кој се вклучени сите видови туристички водичи, содржи информации за квалификацијата на туристичкиот водич и неговата сертификација, јазиците кои ги говори, типот на тури кои ги води, регионот во кој работи и контакт информации.

Регистарот, технички изработен од ITEA Solution, засега содржи информации и контакти од околу 340 активни водичи. Во иднина, треба да прерасне во интернет платформа на која водичите ќе имаат можност за меѓусебна комуникација и размена на искуства и информации од терен.

Регистарот јавно е достапен на www.tourguides.mk.