Skip to main content

Промоција на графичката новела „Витези од соседството“

Промоцијата на графичката новела „Витези од соседството“ на сценаристот Јордан Коцевски и илустраторот Дарко Богданов,  ќе се одржи денес, 23.02.2016 година, во 19:00 часот, во изложбениот салон на домот на клутура „Григор Прличев“.

 |   | 

„Витези од соседството“ е стрип со урбана содржина, кој главните личности ги става во неочекувани ситуации. „Витезите“ се обични млади луѓе кои се обидуваат да го донесат соседството во стариот сјај, исчистен од проституција и дилери.

Покрај во Охрид, промоции на стрипот ќе бидат одржани и во домот на култура во Виница на 24.02.2016 со почеток во 19:00, и Скопје во Кафе Ли во 20:00.