Skip to main content

Втoро издание на Feelmotion фестивалот

Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 9ти до 12ти март 2017 година, го организира својот втор студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) –  чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид.

 |   | 

Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти.

– Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – *Штип*,  Есра и ФДУ – *Скопје*, Тетовскиот Универзитет од *Тетово*,  Хасан Приштина од *Косово*, ФАМУ од *Чешка*, ФДУ Цетиње од *Црна Гора*, Универзитетот Јашар од *Турција* и Национална Академија за Театар и Филм од *Бугарија*.

– Работилниците ќе бидат водени од страна на продуценти.

– Дел од музичката програма ќе биде *Sweet Rapscalions**.*

Официјалното отворање на фестивалот започнува во *четврток, 9ти март во 19 часот* *со филмот **“90 Minutes – Berlin Project” **на Иво Трајков*, додека просториите на академијата ќе останат отворени *24 часа* за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија.