Skip to main content

Wolverine како Ferrari

Австралиската ѕвезда Хју Џекмен ќе ја игра улогата на младиот Енцо Ферари во новиот филм, посветен на Италијанецот, кој се подготвува во Холивуд, соопштува изданието Deadline.

 |   | 

Австралиската ѕвезда Хју Џекмен ќе ја игра улогата на младиот Енцо Ферари во новиот филм, посветен на Италијанецот, кој се подготвува во Холивуд, соопштува изданието Deadline.

Според изданието, режисер на филмот ќе биде Оскаровецот Мајкл Ман, а филмот во кино салите ќе пристигне за две до три години. Тоа е уште еден проект за Енцо Ферари, откако во 2015 година беше најавен друг таков, но со Роберт де Ниро во главната улога.

И претходно е разговарано за проектот на Мајкл Ман, но тогаш фаворит за главната улога беше Кристијан Бејл. Бејл, сепак нема да биде дел од проектот откако стана јасно дека не се согласува со барањата на режисерот за тоа колку килограми треба да качи за улогата.

Во моментов се чини дека проектот на Хју Џекмен и Мајкл Ман е сигурен, а во него ќе учествува уште една ѕвезда – швеѓанката Наоми Рапас, која стана позната со трилогијата Милениум, а потоа и со рољата во Прометеј на Камерон. Наоми Рапас треба да ја игра улогата на сопругата на Енцо Ферари – Линда.

Во интерес на вистината, на овој филм за Енцо Ферари се работи 17 години, но неколку пати проектот тргнува и запира. Во почетокот тоа беше идеја на Мајкл Ман и Сидни Полак, кој пак почина во 2008 година. Сега можеби се е веќе прецизирано, а премиерата треба да се случи, се разбира ако се тече по планот, во 2019 година.

Филмот треба да ни го прикаже младиот Енцо – во првите години откако става крај на кариерата на автомобилски пилот и акцент на развојот како сопственик на компанијата која го носи неговото име. Се претпоставува дека акцентот во сценариото е на битката помеѓу Ferrari и Maserati во 1957 година.

Што се однесува до филмот со Роберт де Ниро, идејата е холивудската суперѕвезда да ја одигра втората половина од животот на Ел Комендаторе се до неговата смрт на крајот од 80-тите години.