Skip to main content

ДЗС: Се намалува бројот на ученици во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 119 што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година.

 |   | 

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2015/2016 година изнесува 77 625  што претставува намалување за 5.1% во однос на претходната учебна година.

Интересно е што и покрај тоа што бројот на ученици се намалил, во 2015/16 година во редовните основни училишта се зголемил бројот на наставници. Во 2014/15 година имало 17.664 наставници во редовните основни училишта, додека во 2015/16 имало 17.791 година.