Skip to main content

Започна лигата во пинг понг

Во организација на Сојузот за училиштен спорт-Охрид под покровителство на Локалната самоуправа-Охрид започна лигата во Пинг-понг за основните училишта во Охрид.

 |   | 

Во организација на Сојузот за училиштен спорт-Охрид под покровителство на Локалната самоуправа-Охрид започна лигата во Пинг-понг за основните училишта во Охрид.

Натпреварите се одржаа во училишната спортска сала во О.У.Христо Узунов,а учество зедоа повеќе од 50 ученици во машка и женска конкуренција од сите основни училишта.Денес се одиграа 2 кола по “Репасаж” систем,а ќе се продолжи со натпревари во наредните два месеци.

Победниците ќе бидат прогласени и наградени на 24 мај од страна на Градоначалникот на Охрид г-нот Никола Бакрачески.