Skip to main content

Нов терористички напад во Лондон, петмина убиени

Лондонската полиција соопшти дека најмалку пет луѓе биле убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, а 40 други биле ранети во вчерашниот терористички напад кај британскиот парламент.

 |   | 

Лондонската полиција соопшти дека најмалку пет луѓе биле убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, а 40 други биле ранети во вчерашниот терористички напад кај британскиот парламент.

Полицијата верува дека нападот го извел еден човек, но продолжува истрагата и не се исклучува можноста и други да биле вклучени во него. Шефот на антитеростичката служба на лондонската полиција Марк Роули изјави дека постои сомневање оти причина за нападот бил исламскиот екстремизам и дека бил познат идентитетот на напаѓачот.

Се почнало кога тој најпрвин со автомобил прегазил пешаци на Вестминистерскиот мост преку реката Темза, а потоа со нож сакал да влезе во дворот на британскиот парламент при што убил еден полицаец. Тогаш тој бил убиен од полицајци во цивилна облека.