Skip to main content

СЈО денес ќе обелодени нова „Т“ истрага

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес конференција на која се очекува да презентира нова истражна постапка.

 |   | 

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес конференција на која се очекува да презентира нова истражна постапка.

Во најавата објавена на Фејсбук страната на СЈО се вели „Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“ што е своевидна гатанка за новиот случај, кој најверојатно е поврзан со случајот „Транспортер“ кој специјалните обвинители веќе го работат.

Официјалното толкување на пораката и детали се очекуваат за денес попладне.