Skip to main content

Часот на планетата Земја ќе се одбележи и во Охрид

ЗГ Центар за климатски промени Охрид, Општина Охрид и ОУ„Христо Узунов“ ќе одржат настан за одбележување на „Часот на Планетата Земја“ на ден 24.03.2017 година во 09:30 во рамките на ОУ „Христо Узунов“.

 |   | 

За таа цел на 24.03.2017, Oпштината и Центарот за климатски промени организираат креативна работилница со учениците од училиштето. На оваа работилница ќе бидат изработени три творби од страна на учениците кои ќе бидат изложени во просториите на училиштето.

На настанот ќе присуствуваат учениците од две одделенија, претставници од ЗГ Центар за климатски промени, Општина Охрид и ОУ „Христо Узунов“.