Skip to main content

Креативно и забавно

Со цел да се поттикне еколошката свест кај младите, како и да се развие чувството на естетика и припадност кон заедницата , во „ОУТУ Ванчо Питошески“- Охрид беа организирани низа на креативни работилници кои ја поттикнаа фантазијата икреативноста на учениците, при што од стар отпаден материјал дворот на училиштето го претворија во пријатно место за одмор и дружење на учениците.

 |   | 

Целта на оваа активност беше да се развие чувството на припадност и одговорносткон училиштето преку активности и неформална комуникација на учениците којадоведе до зголемување на социјалните контакти, намалување на стереотипите исоздавање на позитивна атмосфера.