Skip to main content

Aрхитектонските бариери во јавните институции за лица со посебни потреби се општествен проблем

Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус која во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп (ЗСМХ) го имплементира проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” повикува на надминување на архитектонските бариери во секојдневниот живот во земјата на лицата со посебни потреби.

 |   | 

Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус која во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп (ЗСМХ) го имплементира проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” повикува на надминување на архитектонските бариери во секојдневниот живот во земјата на лицата со посебни потреби.

Според аналитичкото истражување кое го спроведоа страните вклучени во проектот  од вкупно 77 јавни институции во Македонија, 20 јавни институции немаат овозможен пристап до првиот кат, додека пак 64 јавни институции немаат овозможен пристап до вториот кат за лица кои се движат со помош на инвалидска количка.  Во Вардарски регион забележан е овозможен пристап до вториот кат во две основни училишта, преку изградбата на лифт. Ваквата достапност и пристап е постигната со помош и поддршка од донации. Македонија располага со обележан паркинг простор за лица со посебни потреби, но свеста на граѓаните за рационална употреба се уште е на ниско ниво.

Имајќи го во предвид правното уредување кое потврдува дека секоја држава е облигаторна да ги прилагоди архитектонските барање според потребите на главните актери и претходно утврдените стандарди и правила за обезбедување што поголема пристапност на граѓаните до јавните објекти, имплементаторите на проектот повикуваат заеднички да обезбедиме непречен пристап и движење до и во градбата за лицата со посебни потреби во објекти како што се: Образовни институции, Здравствени установи, Државни установи, Станбени објекти, Спортски и културни установи.

Градење на инклузивно општество подразбира прилагодување на општествената средина според потребите на граѓаните. Бројни примери од минатото говорат за еден спротивен пристап каде граѓаните ги прилагодувале своите потреби според општествените услови.
Архитектонска пристапност подразбира целосен пристапен влез и рампа, пространа површина во јавните установи за движење со количка, лифт за пристапност до вториот кат, овозможен  паркинг просторот наменет за лица со посебни потреби обележан со соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, овозможени тактилни патеки и звучни семафори за лица со оштетување на видот, соодветно осветлување во јавните установи за лица со оштетен слух. Свесноста за промени во општеството во правец на инклузија на сите групи, особено на лицата со посебни потреби е сечија задача: бизнис секторот, институциите и граѓаните. Со овој проект ПРЕДА Плус и ЗСМХ повикуваат на свесност и акција кон подобро.