Skip to main content

Континуиран успех на охридските теквондисти

Викендов во Скопје со подршка на Македонскиот Олимписки Комитет,Агенцијата за млади и спорт и градот Скопје,а во организација на Теквондо клубот Бутел,се одржа 4-от меѓународен теквондо турнир Скопје Опен 2017,најголем од овој вид во Р.Македонија.

 |   | 

Учество зедоа повеќе од 400 натпреварувачи од клубови од Албанија,Македонија,Косово,Србија,Хрватска,Босна и Херцеговина и Бугарија.Хваранг Фист,како член на Македонската Теквондо Федерација (WTF) , учествуваше со 12 свои натпреварувачи.

И овој пат успехот не изостана,како и на претходните неколку турнири оваа година.Под водство на инструкторот Јосифоски Ацо 4 дан и тренерот Ангела Јовческа 2 дан,не претставија следните натпреварувачи:

Василија Јовчески,Христијан Митрески,Јован и Тамара Ристески,Дамјан Карадакоски,Миа Спироска,Тамара Велјаноска,Филип Јосифоски,Александар Јовановски,Миле Климоски,Филип Трифуноски и Мартина Јосифоска.

Златни беа Дамјан,Филип и Мартина,сребрени Христијан,Јован,Филип,Александар,Миле и Тамара,а со бронза се закитија Миа и Василија,секој во својата категорија.

Финалната борба во категорија деца до 41кг беше помеѓу двајца наши членови,Дамјан и Јован,а едни од најатрактивните борби беа финалните борби на нашите Филип Јосифоски и Филип Трифуноски.