Skip to main content

Напад со хемиско оружје во Сирија

Обединетите нации покренаа истрага за наводите дека имало напад со хемиско оружје во сириската провинција Илдиб при што загинале најмалку 58 луѓе.

 |   | 

Обединетите нации покренаа истрага за наводите дека имало напад со хемиско оружје во сириската провинција Илдиб при што загинале најмалку 58 луѓе.

Во изјавата исто така се осудува и тоа што била нападната и болницата каде што биле третирани жртвите од хемискиот напад. Според Обединетите нации тоа претставува сериозно кршење на човековите права и воено злосторство.

Пратеникот на ОН за Сирија Стафан де Мистура изјави дека имало индикации оти хемискиот напад бил извршен од воздух. Советот за безбедност на ОН за денеска најави итна седница во врска со инцидентот.