Skip to main content

Европарламентарците расправаа за Македонија

Европарламентарците на синоќешната сесија во Стразбур на која се расправаше за извештајот за Македонија подготвен од известувачот Иво Вајгл побараа од претседателот Ѓорге Иванов да престане да го блокира формирањето на новата влада, а ВМРО-ДПМНЕ да се однесува одговорно, пренесува „Радио слободна Европа“.

 |   | 

За време на расправата европратениците ја оценија ситуацијата во земјата како многу сериозна и ја загрозува европската перспектива на Македонија. „Парламентот не може да биде формиран поради систематските опструкции на ВМРО-ДПМНЕ и однесувањето на претседателот Ѓорге Иванов. Неговото однесување беше критикувано од ЕУ, САД и НАТО.

Позицијата на Иванов само ја открива неговата партизираност“, рече известувачот Вајгл во воведното обраќање. Тој им се обрати и на соседите што се мешаат во внатрешните работи на Македонија во време кога состојбата во неа е проблематична и комплицирана.