Skip to main content

Се зголемува бројот на патници на македонските аеродроми

Според податоците на ТАВ Македонија, бројот на патници превезени од двата аеродроми, „Александар Велики„ Скопје и „Свети Апостол Павле“ Охрид, во првите два месеца од годинава е зголемен за 9 проценти.

 |   | 

Во овој период од аеродромите во Скопје и во Охрид се превезени 238.180 патници.

Минатата година услугите на македонските аеродроми ги користеле 1,8 милиони патници, односно на годишно ниво бројот на патници бил зголемен за 15 проценти.