Skip to main content

Велигденско зголемување на цената на бензините и дизелот

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

 |   | 

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари за литар,  а Еурсупер БС 98 ќе се продава за 69,5 денари. За литар Еуродизел ќе се плаќа 52,5 денари, а за Екстра лесното масло за домаќинство 41 денар.