Skip to main content

„Репортери без граници“: Македонија проблематичното „момче“ на Балканот

Во сабота ќе излезе последното издание на „Утриснски весник“, такви се очекувањата на дел од вработените во медиумот. Официјална потврда од менаџментот, иако новинарите побарале, сепак, не добиле, пренесува „24Вести“.

 |   | 

Во сабота ќе излезе последното издание на „Утриснски весник“, такви се очекувањата на дел од вработените во медиумот. Официјална потврда од менаџментот, иако новинарите побарале, сепак, не добиле, пренесува „24Вести“.

Неизвесно во „Медиа принт Македонија“, откако фирмата ќерка – „Медиа принт ДООЕЛ“ пред една недела обајви огласи за вработување на половина кадар од веќе постоечкиот во МПМ. „Утрински весник“ на медиумскиот пазар е 18 години. Претходно, новинарите на „Утрински“, „Вест“ и на „Дневник“, штрајкуваа поради не исплатените плати.
 
И додека „Утрински весник“ е пред згаснување, Македонија е тангирана како „лошото момче на Балканот“, така покажува извештајот на „Репортери без граници“. Земјава, според индексот на слобода, годинава е сместена на 111 или има благ раст од седум места, од лани. Во извештајот се нотира дека 2016. е година на многу извештаи за закани, насилство, напади и заплашување на новинарите, за време на политичките демонстрации.
 
Политичката нестабилност влијае врз работата на новинарите, а притисокот од владејачката партија наведе некои медиуми на самоцензура“, се наведува во извештајот на „Репортери без граници“.
 
Македонија може да напредене, без политичките притисоци, владиното рекламирање во медиумите, вели, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Додека подобрување на индексот на слобода во земјава, според Рикардо Гутиерез од Еврпоспската федерација на новинари, ќе видиме кога Македонија ќе се врати на 34 место на „Репортери без граници“ кога го имаше пред 7 години.
 
„Факт е дека ние остануваме последни во групата земји во Еврпоските земји каде што има пробмели со слободата на изразувањето. Македонија е во груапта на земји, со Русија, Турција, Азербејџан, каде што има новинари во затвор“, изјави Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
 
„Во моментов ова мало подобрување можеби е делумно покачено. Сепак, моментално Македонија се наоѓа во групата на земји заедно со Белорусија, Казахстан, Таџикистан“, вели Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинари.
 
„Репортери без граници“ рангира 180 држави, според степенот на слобода на новинарите. Се евалуираат плурализмот, независноста на медиумите, квалитетот на легислативната рамка и безбедноста на новинарите. Во регионот, Македонија е на последно место од земјите. Србија е на 66, Албанија 10 места подолу, Косово на 82, Грција на 88, а Бугарија на 109. место.