Skip to main content

ДЗС: Намалување на бројот на туристи и ноќевања во месец март

Бројот на туристите во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 3.5%, а исто така и бројот на ноќевањата бележи намалување за 3.2%. Така според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2017 година изнесува
43 033, а бројот на ноќевањата изнесува 91 532.

 |   | 

Бројот на туристите во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 3.5%, а исто така и бројот на ноќевањата бележи намалување за 3.2%. Така според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2017 година изнесува
43 033, а бројот на ноќевањата изнесува 91 532.

Бројот на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 4.3%, а бројот на странските туристи е намален за 3.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален
за 11.6%,но затоа бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3.2%.

Во првите три месеци од 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.8%, а кај странските има зголемување за 6.9%.

Во периодот јануари – март 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.8%, а кај странските има зголемување за 11.3%.од ДЗС информираат дека според видот на објектите за сместување, најголема посетеност имало кај хотелите со четири ѕвезди. Во март годинава во Охрид најбројни биле туристите од Грција, Србија, Бугарија и Турција. Додека најмалку имало туристи од Нов Зеланд, Малта и Исланд. Од овој месец во туристичките центри се очекува зголемување на бројот на туристи, како од соседството, така и од подалечните земји. Сезонава ја отворија првите 180 патници од Амстердам со авиокомпанијата „Корендон“. Од јуни, пак, почнуваат чартер летовите од Полска до Охрид, а се очекува да се отвораат и нови авио линии.