Skip to main content

Македонија центар на кајакарскиот свет

Оваа година Македонија, Градот Скопје и Кајакарската федерација на Македонија беа домаќини на Европското првенство во кајакна диви води во  спринт и класика за сениори. На Европското првенство учевствуваа 18 европски држави, 170 натреварувачи и околу 100 спортски работници и делегати.

 |   | 

Оваа година Македонија, Градот Скопје и Кајакарската федерација на Македонија беа домаќини на Европското првенство во кајакна диви води во спринт и класика за сениори. На Европското првенство учевствуваа 18 европски држави, 170 натреварувачи и околу 100 спортски работници и делегати.

Првите два дена на 11,12ти мај натпреварите во КЛАСИк се одржаа на реката Вардар од Мостот на Обединети Нации до стара градска плажа (кај ККК ИЛИНДЕН 90 СКОПЈЕ) каде на 12.05 се одржа и првото свечено доделување на медали во оваа дисциплина а на наша голема чест на доделувањето присувствуваше и претседателот на Р.Македонија Д-р Ѓорѓе Иванов почесен претседател на Европското првенство кој доделуваше медали во дисциплината К1 жени како и директорот на агенција за млади и спорт односно покровителот на Европското првенство Г-дин Марјан Спасевски кој доделуваше медали во категоријата Ц2 жени.

НА 13-14.05.2017 година се одржаа натпреварите во дисциплината спринт на дива вода, традиционално на кајакарската патека на Треска. Денеска бееше свеченото прогласување на најдобрите во оваа дисциплина.

Македонската репрезентација броеше вкупно 7 натпреварувачи од кој 4ца во категоријата К1 мажи ,1 во категорија Ц1 мажи и двајца во категорија мастерс.

Наш најдобар натпреварувач е Љубомир Спасиќ кој на ова европскопрвенство заврши како 17. Од организациски аспект Кајакарската федерација се покажа како одличен домаќин а воедно за организаторите беше доделена и плакета од страна на подпрецедателот на Европската кајак асоцијација Мирослав Хавиер за успешно реализирано ЕП.плакетата ја прими претседателот на КФМ Г-дин Коста Ефтимов кој се заблагодари на сите учесници а воедно и порача дека со некои од нив ќе се сретнеме и наредна година кога кајакарската федерација на Македонија повторно ќе биде организатор на ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА ЈУНИОРИ И СЕНИОРИ ДО 23 ГОДИНИ.