Skip to main content

Нов успех на Т.К. „Хва ранг Фист“

Викендов во Скопје,а во организација на Теквондо клубот Илинден и Македонската Теквондо Федерација,во соработка со АМС и МОК ,се одржа 2-от по ред Теквондо Турнир ИЛИНДЕН ОПЕН 2017.

 |   | 

Викендов во Скопје,а во организација на Теквондо клубот Илинден и Македонската Теквондо Федерација,во соработка со АМС и МОК ,се одржа 2-от по ред Теквондо Турнир ИЛИНДЕН ОПЕН 2017.

Учество зедоаа околу 180 натпреварувачи од 8 клубови од Р.Македонија.Хваранг Фист беше претставник на нашиот град со натпреварувачи,кои се натпреваруваа во дисциплината борби,во своите тежински категории.

Припремите ,во овој дел од натпреварувачката година ,и овој пад вродија со плод. Хваранг Фист се врати со 1 златна,6 сребрени и 2 бронзени медаљи.Успехот е уште поголем ако се напомене дека 6 од нашите натпреварувачи го направија своето прво излегување на татамите и притоа постигнаа одличен успех.

Финалната борба во категорија сениори до 63 кг ,каде нашиот претставник Филип Јосифоски се сретна со претставникот на ТК Борец од Скопје беше една од најатрактивните борби на турнирот,која нашиот претставник ја доби со 10 поени разлика.