Skip to main content

СДСМ бара укинување на екстерното тестирање

Пратениците на СДСМ денеска ќе ги достават до Парламентот предлог измените на законите за основно и средно образование што се однесуваат на укинување на екстерното тестирање, изјави на прес конференција пратеникот Стефан Богоев. Тој посочи дека очекува овие измени по скратена постапка да се донесат и уште оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование.

 |   | 

Според СДСМ овој проект дал негативни резултати, наместо да влијае на подобрување на образовниот процес, па затоа, како што вели Богоев, новото парламентарно мнозинство е цврсто определено да изнајде решенија за квалитетно образование.

„Ќе се заложиме да бидат испочитувани парламенатрните процедури и оваа година екстерно тестирање за учениците да нема“ вели Богоев.