Skip to main content

Заев се сретна со Могерини

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и мандатар за новата Влада посакува во 2018 година да се отвори датум за почеток на преговори за пристапување кон ЕУ.

 |   | 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и мандатар за новата Влада посакува во 2018 година да се отвори датум за почеток на преговори за пристапување кон ЕУ.

Тој во Брисел по неформалната вечера на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини со премиерите на земјите од западен Балкан изјави дека Отворањето на поглавјата 23 и 24 ќе бидат од огромна помош во реформите во правосудство и безбедноста во Македонија.

„Јас посакувам во 2018 година да се отвори датум за отпочнување на преговори за пристапување“, изјави Заев.

Од Кабинетот на Федерика Могерини, Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност соопштија дека за време на средбата, сите присутни ја потврдиле нивната целосна посветеност да продолжат да работат на процесот на нивна интеграција во Европската Унија.

„Тие ја истакнаа својата посветеност на добрососедските односи и продлабочување на регионалното разбирање, преку меѓусебно почитување и соработка. Високата претставничка Могерини ги охрабри премиерите на шесте земји да ја забрзаат потребната работа, со цел да се задоволат очекувањата на нивните граѓани и да се доближат до својата иднина во Европската Унија“, се вели во соопштението од Кабинетот на Федерика Могерини.