Skip to main content

Претставата „Багаж“ го отвора годинешното издание на „Вдиши театар“

Од 1-4 јуни со почеток во 20.30 часот, во Охрид ќе се одржува годинешниот Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“

 |   | 

Од 1-4 јуни со почеток во 20.30 часот, во Охрид ќе се одржува годинешниот Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Манифестацијата ќе биде свечено отворена во предворјето на црквата Св. Софија, со театарската претстава „Багаж“,во изведба на аматерската актерска група на младите волонтери на Црвен крст од Охрид.

Охриѓани, но и гостите, се до 4. јуни ќе имаат можност да уживаат во актерските вештини на младите актери-аматери, кои заедно со режисерите, текстописците, сценографите својата креативност и талент ќе ги изразат преку театарски претстави, упатувајќи силни хумани пораки.

„И оваа година очекуваме охриѓани да го покажат својот интерес за театарската мисла и со своето присуство на претставите, да им оддадат признание за посветеноста и ентузијазмот на младите талентирани волонтери-актери“ порачуваат организаторите.