Skip to main content

Златен финиш за охридските теквондисти

Златните  Момчиња од “ХВА РАНГ ИТФ” , од “РОМАНИЈА ОПЕН 2017” настапија со 5 натпреварувачи , и се вратија со 3 златни ,1 сребрена и 2 бронзени медали.

 |   | 

Овој викенд во Орадеа- Романија се одржа меЃународен А класа ИТФ турнир “РОМАНИЈА ОПЕН 2017” кој е најјак завршен турнир за оваа пролетна натпреварувачка сезона.

На овај престижен турнир зеде учество и нашиот клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид каде настапи со 5 натпреваруваши , поради полуматурските и матурските прослави.На овај турнир нашите натпреварувачи ги одмерија силите со претставници од 10 земји од регионов од Романија, Бугарија, Србија, БиХ, Унгарија, Австрија, Молдавија ,Чешка, Словенија и Македонија .На овај натпревар како и на секој А класа турнир беше пристуно ракводството на ИТФ ,генералниот секретар Ким Сунг Хван, благајникот Ким Чол Гју, потретседателот мастер Марио Богданов и Гранд Мастерот Ким Унг Чол црн појас IX дан .

Претставници на нашиот клуб под водство на Марјанчо Лазаревски црн IV појас дан поранешен светски вицешампион беа:

Давид Крстески настапи во 3 дисциплини форми кадети 6-5 куп и борби кадети -35 кг и специјални техники кадети.
Марио Крстески настапи во 2 дисциплини форми кадети 8-7 куп и борби кадети -35 кг
Божидар Димитриевиќ настапи во 2 дисциплини форми кадети 4-3 куп и борби кадети +58 кг
Филип Трифуноски настапи во 3 дисциплини форми кадети 8-7 куп и борби кадети -55 кг специјални техники кадети.
Хриситјан Митрески настапи во 2 дисциплини форми кадети 4-3 куп и борби јуниори -69 кг

Повторно како и секој турнир имаме по некој натпреварувач кој не изнанадува пријатно и не прави да се чувствуваме горди како Македонци. На овај турнир најгоемотот изнендаување ни го приредија Марио Крстески и Филип Трифуноски. Марио Крстески зеде Злато во форми, а во борби беше оштетен од судиите во финалето иако беше драстично подобар од својот противник, се закити со сребрен медал и со тоа му беше скратена можноста да се закити и со пехар за најдобар кадет.

Филип Трифуноски својата супериорност ја демонстрира во специјални техники, кој во кокуренција од 17 кадети го освои првото место и се закити со Злато, иако ова му беше прв пат да натпреварува во оваа дисциплина, додека во борби се закити со бронза.
Божидар Димитриевиќ очекувано го зеде Златото во борби и со тоа го потврди својот квалитет кој ни го покажа во Љубљана каде даде 2 нокаути со вртен удар и беше запишан во листата на нокаутери на 13 години Давид Крстески на овај турнир стигна до полуфинале и се закити со бронза , но овај пат беше видливо преморен и не можеше да го даде својот максимум.

Хриситјан Митрески на овај турнир исто беше преморен од претходните натпревари кои ни дојдоја набрзо, а штотуку влезе во најтешката јуниорска категорија и за жал не успеа да се закити со медал.
Презадоволни сме од нашиот настап каде бевме скептични дека ќе освоиме некој медал, пошто беше видлив уморот кај нашите натперварувачи од претходните натпревари, но нашите борци повторно направија да се чувствуваме горди како Македонци, при што беа пофалени за нивната атрактивност на овај натпревар од раковдоството на ИТФ.