Skip to main content

Наскоро Втор Спортско едукативен летен камп Охрид 2017

Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ја потсетува јавноста дека останува помалку од еден месец до почетокот на Вториот Спортско едукативен летен камп Охрид 2017.

 |   | 

Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ја потсетува јавноста дека останува помалку од еден месец до почетокот на Вториот Спортско едукативен летен камп Охрид 2017.

За потсетување Летниот камп оваа година ќе се одржи од 10 – 16 јули со локација како и минатата година кај нашиот традиционален партнер Хотел Десарет.

Бројот на учесници е ограничен така што ги повикуваме сите заинтересирани ( деца од 8 – 14 години ) што побрзо да се пријават и со тоа да постанат дел од едно незаборавно искуство на дружење , едукација, спорт и забава кое веруваме ќе го паметат целиот свој живот.

Би сакале да потенцираме дека оваа година како дел од програмата за волонтирање на Универзитетот Роехемптон од Лондон на Летниот камп ќе волонтираат три студенти кои ќе ја збогатат програмата на самиот камп како и ќе придонесат децата учесници да го прошират своето знаење од англискиот јазик.

За повеќе информации Ве молиме да се обратите на следниот контакт број 078/440-139 или преку нашата facebook страна Спортски летен
камп Охрид 2017.